Премиерот на Малта Џозеф Мускат изјави денеска дека на хуманитарниот брод „Лајфлајн“ ќе му биде дозволено да влезе во пристаниште на Малта и дека мигрантите потоа ќе бидат распоредени во земјите на ЕУ.
Косовската Агенција за статистики (АСК) ги објави денеска податоците од правосудните органи за малолетните лица кои дошле во судир со законот во текот на 2017 година, јавува дописникот на МИА од Приштина.
Министерството за одбрана наведува дека е неопходно да се привлече странски и домашен капитал, бидејќи Србија „и покрај сите инвестиции, нема доволно пари за инвестирање со цел да набави модерна технологија“.
Руиз-Калвера, на прес-конференција по средбата со Харадинај, го поздрави постигнатиот напредок на Косово и изрази поддршка од ЕК за европските процеси и реформи во земјата.
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија го поддржува секој договор меѓу Скопје и Атина.
Охрабрувачки е фактот што се постигна решение, но загрижувачки е фактот што постои незадоволство кај граѓаните, вели поранешниот генерален секретар на ОН, Бан Ки-мун, во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА.
Грчката новинска агенција АНА-МПА акцентот го става на позитивниот коментар на советот за општи прашања за Договорот од Преспа, ги пренесува заклучоците, како и изјавата на Захариева.
Македонски граѓани кои летуваат во Грција досега не побарале помош и не пријавиле штети по вчерашното невреме што го зафати полусотровот Халкидики.
По поројните дождови повеќе делови од Грција се поплавени. На Халкидики најмногу проблеми има на Ситонија, каде се поплавени куќи и други објекти, јави дописникот на МИА.
Два нови протеста против Договорот со Македонија и за „грчкиот карактер на Македонија“, ќе се одржат вечер во Солун, според солунските медиуми.