Договорот меѓу Албанија и Грција за морската граница и понатаму е главна тема во албанските медиуми,но поради недостиг на информации од албанските претставици,тие се повикуваат на грчките медиуми.
Холандскиот Парламент блокираше отворање пристапни преговори на Албанија со Европската унија. Потегот е преземен пред самитот на Унијата во следната недела кога Тирана очекува да добие одобрување за почеток на преговори за членство.
Невреме пропратено со обилен дожд и ветер ја погоди Хрватска и ја намали температурата на воздухот за 10 степени Целзиусови.
Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија издадее портокалово предупредување за поројни дождови, грмотевици и силен ветер во целата земја.
Договорот наместо да ги подобри, може да ги влоши односите меѓу двете земји и двата народa, смета претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис.
Главните преговарачи на Белград и Приштина, Марко Ѓуриќ и Авни Арифи денеска во Брисел ќе имаат уште една рунда разговори со посредство на директорката за Западен Балкан во Европската служба за надворешни работи Ангелине Ајнхорст.
Министрите за финансии на евро зоната се договорија за условите за излегување на Грција од третата спасувачка програма.
Шефовите на албанската и на грчката дипломатија, Дитмир Бушати и Никос Коѕијас се пред усогласување на конечниот текст на договорот за надминување на отворените прашања меѓу двете земји.
Една третина од студентите во Србија планираат да ја напуштат државата по дипломирањето, а 90 отсто имаат поддршка од родителите за таква одлука, додека 70 отсто сметаат на помош од роднини и пријатели, кои живеат во странство.
Договорот покажува дека овде немаме спротивставеност меѓу Северномакедонците и Грците и ова важи за сите конфликти, меѓу силите што сакаат решение и силите на инерција, на кои им одговара нерешавањето и мислат дека може да имаат корист, рече министерот за надворешни работи на Грција во неговиот говор пред почетокот на првиот работен ден.