Склучивме меѓународен договор и ги земавме предвид нашите и нивните интереси, треба да живееме во мир, вели шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, коментирајќи го договорот меѓу Македонија и Грција, во интервју за грчката телевизија „Антена“.
Искусни грчки новинари кои ги следеа, не само шестмесечните преговори меѓу двете земји, туку и случувањата меѓу Македонија и Грција во изминатите години, за МИА го коментираат договорот.
Во период од 2013 до 2017 година околу 157.000 државјани на Албанија побарале азил во некоја од земјите членки на Европската унија.
Во првите пет месеци од оваа година во Грција пристигнале над 19.800 мигранти, што претставува најголема бројка на прифатени мигранти во една земја членка на ЕУ, јави ДПА.
Министрите за внатрешни работи на шесте земји од Западен Балкан, вклучително и на Македонија, денеска во Брисел ќе се сретнат со претставници на Европската Комисија и на австриското и бугарското претседателство со Унијата.
Група со најмалку две возила го пресретнала комбито на компанијата „Хендерсон“ и со помош на огнено оружје ги одзела парите. Ограбувачите успеале да се префрлат во другото возило „опел зафира“ со затемнети прозорци и да го настават патот кон селото Качандол и понатаму кон општината Подуево.
Шефот на албанската дипломатија, Дитмир Бушати,изјави дека деновиве ќе се сретне со неговиот грчки колега Никос Коѕијас,околу финализирањето на договорот за морската граница.
Шефот на кабинетот на косовскиот претседател Хашим Тачи, Беким Чолаку, најави дека финалната фаза на дијалогот меѓу Косово и Србија секако ќе се одржи, но не се знае датумот кога тоа ќе се случи, јавува дописникот на МИА од Приштина.
Косовскиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Беџет Пацоли најави денеска дека извештајот на Европската комисија за напредокот на Косово во правец на визната либерализација ќе биде објавен на 28-ми овој месец, јавува дописникот на МИА од Приштина.
Според самите соседи и според тоа како се самоопределуваат, велат дека се Македонци, на ист начин како што велат дека се Македонци Грците во Македонија, 51 отсто од географската област Македонија што и припаѓа на Грција, објаснува портпаролот на грчката влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос.