Платформата на косовоската Влада за дијалогот со Србија, според која претседателот Хашим Тачи треба да го води овој процес во финалната фаза, ја нема поддршката од повеќето парламентарни партии во земјата, меѓу кои и од една која е на власт, јави дописникот на МИА од Приштина.
Мислам дека доаѓа моментот да го кажеш големото „да“ или големото „не“ и ги разбираш тешкотиите што се наоѓаат пред тебе, вели министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ во однос на последните случувања во преговорите
Додека двете страни се во исчекување на разговорот меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за потврда на досега постигнатото во преговорите за името, во Грција се отвори црковниот аспект на името, откако во посета на Атина вчера пристигна Вселенскиот патријарх, Вартоломеј.
Претседателот на Црна Гора за време на неговата прва официјална посета на седиштето на НАТО во Брисел по неговиот реизбор изјави дека позицијата на Подгорица кон Русија е јасна и недвосмислена.
Според резултатите од истражувањето, објавени денеска, во изминатите пет години 97,3 отсто од нападите се случиле во здравствените установи, додека 2,7 отсто надвор од нив.
АмРест Холдингс СЕ, најголемиот оператор на ресторани во централна Европа, најави дека планира да отвори Старбакс локали во Србија. Првиот се очекува во Белград во текот на оваа година.
Пораката дека Атина го чека „решителниот чекор“ од Скопје, уште еднаш ја повтори портпаролот на грчката влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчкото радио 247, но и додаде дека во овој момент никој не бара одново да се отворат преговорите.
Околу 53 отсто хрватски средношколци кои сакаат да студираат, сметаат дека најпосакувано место за живот и работа е вон Хрватска, се наведува во истражување за состојбата и потребите на средношколското образование и преференците на учениците.
Ако договорот содржи македонски јазик и македонска нација нема да биде изгласан од грчкиот Парламент, смета еден од неговите потпретседатели и пратеник од Нова демократија, Никитас Какламанис, во интервју за грчкото радио 247.
И покрај плановите на Европската унија неделава во Брисел да се одржи нов круг од техничкиот дијалог помеѓу Белград и Приштина, властите во Приштина го одбиле тоа, јави Танјуг.