Русија нема ништо против да има втора точка за влез на гас од Русија преку „Турски тек“ за Бугарија, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов по средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ.
Со вкупно над 380 години затвор повеќе од 70 лица во регионот на Западен Балкан се осудени и затворени за тероризам и за учество во странски боишта, изјави денеска генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС) Горан Свилановиќ во Тирана.
Европските дипломати се подготвуваат за “напнат“ Самит во јуни, но велат дека во секој случај ќе биде “многу тешко“ да не и се дадат преговори во еден или друг облик на Македонија, доколку се реши спор стар над 25 години, јавува дописничката на МИА во Брисел.
Косовскиот претседател Хашим Тачи, кој престојува во официјална посета на Австрија, порача денеска дека Косово и целиот Балкан имаат доверба во визијата на канцеларот Себастијан Курц заевропските перспективи на регионот, јавува дописникот на МИА од Приштина.
Се наѕира перспектива за решение за името, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас во говор на годишното генерално собрание на Федерацијата на претпријатија на Грција.
Тешка сообраќајна несреќа попладнево се случи во близина на косовското село Лугаѓи, кога автобус изгуби контрола и влета на бензинска станица.
Од ноќеска на полноќ во прекин e сообраќајот на граничниот премин Меџитлија поради штрајк на грчките цариници. На граничниот премин Стар Дојран прекинот ќе биде од 5 часот до 5 часот на 31 мај, а на ГП Богородица од 7 часот до 7 часот утре.
Хрватската компанија Техникс во Долни Краљевац им позајмила на работниците вкупно 250.000 куни (околу 34.000 евра) или поединечно од 5.000 (околу 680 евра) до 25.000 куни (околу 3.400 евра) за да ги отплатат долговите, поради кои биле блокирани од банките, пишува „Вечерњи лист“.
Решението што ќе се постигне треба да биде добро решение, бидејќи, во спротивно, ние како влада одново ќе преговараме, вели одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демократија, Јоргос Кумуцакос.