Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Србија, предводена од Џејмс Руф и српската Влада не постигнаа договор за нов аранжман, објави белградска „Политика“.
Пратеникот на Демократската партија на Косово (ПДК) во косовското Собрание, Џавит Халити денеска за време на собраниската расправа го удри неговиот колега од Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Арбен Гаши.
Дискусијата за било какво име е празна содржина, ако прво не се исполнат предусловите на Владата, коментираат од кабинетот на грчкиот премиер во врска со натписите во медиумите и ги споменуваат грчките позиции за ерга омнес име и уставна ревизија.
На „Виенскиот економски форум“ што денеска се одржува во Софија, српската премиерка Ана Брнабиќ се заложи за унапредување на соработката во регионот, изјавувајќи дека Србија верува оти Македонија и Албанија заслужуваат отворање на пристапни преговори за членство во ЕУ.
Министерот без ресор на Грција и портпарол на Владата, во интервју за грчкото радио „Алфа 989“ одби да ги коментира натписите во медиумите дека Илинденска Македонија е предлогот од македонска страна.
Србија ќе вложи големи напори за постигнување компромис за Косово, но не сум оптимист дека ќе се најде решение, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за шпанскиот весник „Паис“.
Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов денеска изјави дека за неговата земја нема проблем една од варијантите за ново име на Република Македонија да биде „Република Илинденска Македонија“.
Двете страни се блиску до договор за името „Илинденска Македонија“, изјвил извор близок да македонскиот премиер и до шефот на македонската дипломатија за грчкиот весник „Катимерини“.
Во претседателската палата во Атина утре претпладне, во 9,30 часот, грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе го извести претседателот Прокопис Павлопулос за текот на преговорите околу името, соопштуваат од кабинетот на Ципрас.
Во текот на викендот, грчкиот премиер Алексис Ципрас има намера да ги извести претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос и лидерите на политичките партии за разговорите за името, по средбата со неговиот македонски колега во Софија.