Во текот на викендот, грчкиот премиер Алексис Ципрас има намера да ги извести претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос и лидерите на политичките партии за разговорите за името, по средбата со неговиот македонски колега во Софија.
Грчки владини извори ги брифираат новинарите во Грција за тоа дека Атина не отстапува од нејзината позиција за ерга омнес име и уставна ревизија, како главни предуслови за да постои договор, јави дописничката на МИА од Атина.
“Ерга омнес со уставна ревизија е неопходен предуслов за да постои договор. Реализирање на уставната ревизија е неопходен предуслов за интеграција во меѓународните организации (ЕУ - НАТО), брифираат грчки владини извори