ЕУ се обидува со дипломатски финеси да спречи фијаско на Самитот за Западен Балкан, кој неделава треба да се одржи во Софија. Во моментов, сите сигнали упатуваат на можна конфронтација, оценува агенцијата ДПА.
НАТО засега нема план за промена или намалување на мисијата на меѓународните Сили во Косово (КФОР), која се спроведува во согласност до Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и Воено-техничкиот договор од Куманово, изјави командантот на КФОР, Салваторе Куочи.
За интеграција на ПЈРМ во НАТО и ЕУ потребно е решение на името, за што предуслови се уставна ревизија и елиминирање на иредентизмот, рече претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, во неговото обраќање откако беше прогласен за почесен граѓанин на општина Пеонија.
На седницата ќе биде разгледуван извештајот на генералниот секретар на ОН за работата на мисијата на ОН во Косово, во период од 17 јануари до 15 април 2018 година.
Во Косово заврши воената вежба „Шќипоња 6“(орел 6) што ја организираа косовските безбедносни сили со учество на армиите на други шест држави.
Изјавата на медијаторот Метју Нимиц по вчерашната шестчасовна средба со шефовите на македонската и грчката дипломатија, ја пренесуваат медиумите во Грција, со коментар дека топката и решението сега се во рацете на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.
Албанската полиција денеска соопшти дека во соработка со Обвинителството за тешки кривични дела разбила меѓународен синџир за трговија со кокаин, хероин и марихуана во западно европските земји.
Следната седмица на 17 мај во Софија, ќе се сретнат македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас, ова е пораката и веста од медијаторот Нимиц по средбата со шефовите на двете дипломатии.
Весникот „Српски телеграф“ објави 11 „клучни точки“ од документот наречен “План за поддршка на меѓународната интеграција на Косово“, кој,според наводите, во Вашингтон го усвоиле САД, Германија, Франција, Велика Британија и Италија.
Да ѝ се даде доволно време на Македонија за да го одобри ерга омнес и да направи уставна ревизија предвидува сценариото што според „Катимерини“, во последните денови се разговара меѓу Атина и Скопје.