НАТО засега нема план за промена или намалување на мисијата на меѓународните Сили во Косово (КФОР), која се спроведува во согласност до Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и Воено-техничкиот договор од Куманово, изјави командантот на КФОР, Салваторе Куочи.

- НАТО се придржува кон принципот на почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјите во регионот на Западен Балкан, а официјалното признавање на државите е исклучително и суверено право на секоја членка на Алијансата, изјави Куочи во интервју за белградскиот весник „Новости“.

Куочи оценува дека при евентуално формирање на Вооружени сили на Косово, земјите членки на НАТО одделно ќе рашаваат дали КФОР ќе остане на косовската територија.

- Формирањето на Вооружени сили на Косоцо е одлука на косовските институции во согласност со уставните процедури, наведува Куочи, додавајќи дека КФОР во рамките на својот мандат и задачи го поддржува развојот на Косовските безбедносни сили.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/05/2018 08:46