Српскиот министер за надворешни работи ќе ја претставува Србија на утрешната седница на Советот за безбедност на ОН.

На седницата ќе биде разгледуван извештајот на генералниот секретар на ОН за работата на мисијата на ОН во Косово, во период од 17 јануари до 15 април 2018 година.

Дачиќ ќе го коментира извештајот и ќе ја изнесе оценката на Србија за актуелната ситација во Косово.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/05/2018 22:06