Постигнување договор сега и постепено комплетирање за две години се двете карактеристики на сценариото што се наоѓа на маса кое го објавува саботното издание на грчкиот весник „Та неа“.
Претседателката на српскиот Парламент, Маја Гојковиќ изјави дека Ненад Чанак без да се консултира, на меѓународниот собир „Со идеја на ЕУ до мир и развој“, покрај парламентарци од Приштина повикал и пратеници од каталонскиот парламент.
Кога ќе има имаме договор и правна ратификација на истиот, тогаш ќе се отвори патот кон ЕУ, вели шефот на грчката дипломатија во одговор на прашањето на дописничката на МИА од Атина, на прес-конференцијата по завршувањето на состанокот за иднината на Европа, што денеска се одржа во Сунио.
Министрите за надворешни работи на земјите од форматот В4+Б4+ - Вишеградската четворка и четирите балкански држави членки на ЕУ, денеска на средба во местото Сунион, блиску до Атина. изразија поддршка на проширувањето на Унијата.
Приштина е подготвена да го затвори поглавјето на конфликти со Србија, изјави косовскиот претседател Хашим Тачи во телефонски разговор со бугарскиот премиер Бојко Борисов, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.
Темите поврзани со грчко- американските односи, прашањата од билатерален и регионален интерес, Турција, Кипар и преговорите за името на Македонија, се очекува да се најдат на агендата разговори на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас.
Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, е еден од најбогатите политичари во Албанија.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај е оптимист кога станува збор за добивање визна либерализација за неговата земја, верувајќи дека во јуни Косово очекува да добие препорака за тоа.
На седница на хрватската Влада се водела расправа за воведување на еврото како официјална валута, меѓутоа, се уште нема најави за точен датум.
Луѓето од Западниот Блакан очекуваат и сакаат конкретни и реални резултати за подобрување на нивниот животен стандард, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел на средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов.