Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, е еден од најбогатите политичари во Албанија.

Но, какс што јави дописникот на МИА, врз основа од она што е наведено во неговиот имотен лист, Баша богатсвото го стекнал пред да почне да се занимава со политика.

Во текот на 2017 година Баша ја пријавил само платата што ја добива како пратеник од околу 3.500 евра, како и приходот како претседател на Демократската партија од над 7.100 евра.

Неговата сопруга пријавила приход од 19.240 евра како програмски раководител.

Баша пријавил и дека уште од пред да заплива во политичките води, поседува куќа во Холандија во вредност од 510.000 гулдени, станови во Тирана и Драч вредни 205.000 долари, односно 33.000 евра, како и три други недвижни имоти на име на сопругата.

Уште од времето пред да стане политичар, Баша поседува и автомобил вреден 72.000 евра, банкарски депозити во износ од 52.000 долари и 81.000 евра, уметнички слики вредни 6.500 евра, два рачени часовници во вредност од 5.200 евра и 4.500 евра, дијамантски прстен од 11.500 евра и порцелански сервис вреден 6.800 евра.

Четириесет и четиригодишниот Баша беше радоначалник на Тирана од 2011 до 2015, а претходно беше член на Градскиот совет на Тирана, министер за транспорт и врски во владата на Сали Бериша од 2005 до 2007 година, министер за надворешни работи од 2007 до 2009, како и министер за внатрешни работи во периодот од 2009 до 2011 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2018 12:02