Министерот за финансии на Србија, Душан Вујовиќ поднесе оставка поради лични причини, објавија синоќа српските медиуми.
Косовскиот претседател Хашим Тачи доби покана од Европска унија и од Бугарија да учествува на Самитот ЕУ - Западен Балкан во Софија, што ќе се одржи на 17 мај, објави приштинскиот весник „Експрес“.
Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган на заедничката прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ во Анкара истакна дека Турција ќе придонесе за поголема стабилност на Балканот.
Форумот дава и прилика за дискусии меѓу заедниците од тој простор, на основа на активностите на граѓанското општество, лидерите и носителите на одлуки, кои помагаат во изградба на довербата, соопшти Министерството за надворешни работи на Словенија.
Шест лица се повредени, а четири други се уапсени при сериозни инциденти меѓу бегалци и мигранти, што се случија во текот на ноќта во прифатниот центар Лагадикија во близина на Солун.
Нема никаков сомнеж оти Турција е незаобиколив и важен фактор за сите прашања на Балканот, изјави денеска во Анкара српскиот претседател Александар Вучиќ.
Се планира, а доколку не се случи нешто непредвидено, на 17 мај во Софија ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу Зоран Заев и Алексис Ципрас, на маргините на Самитот ЕУ -Западен Балкан, објави грчкиот информативен портал „Њуз247“.
Предуслов за решавање на прашањето е поранешната југословенска Република Македонија да ја прифати обврската за промена на нејзиното уставно име, вели портпаролот на грчката влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчкото радио „Алфа 984“.
За 45 отсто од Грците е разбирлива перспективата за сложено име со вклучен термин Македонија, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од агенцијата „Прората“ за грчкиот Институт за алтернативни политики ЕНА, што ги објавува весникот „Етнос“.
Ситуацијата со бегалците и мигрантите на грчките острови станува се потензична. Дојденците се жалат на лошите услови во камповите, додека домаќините на однесувањето на мигрантите.