Ситуацијата со бегалците и мигрантите на грчките острови станува се потензична. Дојденците се жалат на лошите услови во камповите, додека домаќините на однесувањето на мигрантите.
Најтензично беше во Лезбос што го принуди премиерот Алексис Ципрас да го посети островот. Во исто време, бегалците се враќаат на старите копнени рути.
На рамницата по должината на границата меѓу Грција и Турција, речиси секое утро се појавуваат групи бегалци.
Дваест и петгодишниот Омар Валид од Алепо во Сирија вели дека стигнал по неколкучасовно пешачење. - Многу сум уморен. Многу е лошо, вели тој.
Валид заминал од Сирија пред шест месеци, откако ги загубил таткото и браќата.
Друга група млади родители со деца ја следат железничката пруга, надевајќи се дека ќе ги одведе во некој град. Дваесет и осумгодишната Маја, исто така од Алепо, се надева дека нема да биде вратена назад во земјата.
- Патот е навистина напорен, бегаме од ситуацијата, тоа е војна, во нашата земја нема никој и ние бевме принудени да заминеме, па затоа дојдовме тука и патот беше навистина напорен, вели Маја.
Само во април, околу 3.000 луѓе пристигнаа во Грција преку реката Марица, што ја дели Грција од Турција.
Тоа е еднакво на половина од пристигнувања во текот на целата мината година.
Полицијата и претставниците на локалната власт во регионот се загрижени за овој тренд.
- Ако протокот што го видовме во овие изминати недели продолжи, ќе биде тешко да се справиме со овој проблем, вели градоначалникот на Орестијада Василис Мавридис.
Оние што пристигнуваат преку реката Марица веднаш се регистрираат, а потоа добиваат дозвола за престој од три месеци.
Теоретски, тие се слободни да се движат во Грција - за разлика од оние на островите.
Речиси милион бегалци и мигранти премина од Турција на грчките острови во 2015 година, но таа рута се уште е затворена откако Европската унија и Анкара се согласија да го сопрат протокот во март 2016 година.
Копнените рути како да не се опфатени со овој договорот.
Иако не е така опасно као на отворено море и преминувањето на реката можат да биде смртоносно.
- Таа е многу опасна река поради нејзините струи. Таа е валкана река и има калливо дно со гранки, што ги држат давениците на дното и ние никогаш не можеме да ги пронајдеме, вели професорот по судска медицина, Павлос Павлидис.
Само во првите три месеци од годинава регистрирани се дванаесетина смртни случаи.