Во Љубљана денеска почна тридневен форум посветен на изградба на довербата меѓу заедниците во Косово, во рамките на Мисијата на ОН (УНМИК), а повеќе од 100 учесници на овој собир ги разгледуваа позитивните примери на соработка кои ги намалуваат потенцијалните непријателства и ги уриваат стереотипите.

Форумот дава и прилика за дискусии меѓу заедниците од тој простор, на основа на активностите на граѓанското општество, лидерите и носителите на одлуки, кои помагаат во изградба на довербата, соопшти Министерството за надворешни работи на Словенија, кое го истакна значењето на дијалогот Белград и Приштина.

Денешниот собир го отворија специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН за Косово, Захир Танин, помошникот на генералниот секретар за мировни операции Бинта Кејт и шефот на директоратот на словенечкото Министерство за надворешна политика за заедничка надворешна и безбедносна политика Матеј Марн.

Марн го истакна потенцијалот на регионот и на Косово во врска со новите идеи и желба за иградба на соработка, но предупреди дека тоа ќе биде неопходно за да се решат отворените прашања од минатото и да се зајакне владеењето на правото економијата.

Тој нагласи дека Словенија останува силен поддржувач на регионот, вклучително и Косово, на патот кон ЕУ и НАТО.

Билатералните прашања меѓу земјите мораат да се решат на тој пат, а меѓународните договори мора да се исполнуваат, се заклучува во соопштението од собирот.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2018 14:45