Српскиот претседател Александар Вучиќ педлагаше размена на територии со Косово, но тоа го отфрлија од меѓународната заедница која не му предложи ништо друго освен правно-обврзувачки договор со кој Косово ќе добие место во ОН, изјави поранешниот српски министер за надворешни работи Вук Јеремиќ на седница на својата партија.
Советот за национална безбедност на Црна Гора оцени дека безбедносната ситуација во државата е нарушена по „зголемениот број судири меѓу организирани криминални групи“.
Вук Јеремиќ на седница на неговата Народна паритја изјави дека Александар Вучиќ нудел размена на територии, но бил одбиен од меѓународната заедница, која не му „понудила“ ништо друго освен да потпише правно обврзувачки договор со кој Косово би се внело во Обединети нации.
Претседателот на косовскиот Парламент, Кадри Весели истакна дека е изненаден од изјавата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за преземените чекори на косовската Влада по депортацијата на шесте турски граѓани.
Албанскиот премиер Еди Рама, ден по насилните протести поради воведување патарина на „Патот на нацијата“ изјави дека „полицијата ја зачувала присебноста наспроти групата вандали кои ќе ја добијат заслужената казна“.
Пред две години 57 проценти, сега 71,5 проценти од Грците не прифаќаат сложено име со вклучен терминот Македонија, покажуваат резултатите од истражувањата од 2016 и 2018 спроведени од фондацијата за надворешна политика ЕЛИАМЕП.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган му се закани на косовскиот премиер Рамуш Харадинај дека ќе биде одговорен за менаџирањето на состојбата со депортираните турски државјани, пренесува приштинскиот весник „Експрес“.
Во центарот на Подгорица денеска се убиени две лица од страна на засега непознато лице.
Кога протестот кај тунелот Калимаш достигна кулминација со палење на наплатниот пункт се огласи премиерот Еди Рама, кој не само што не отстапува од веќе донесената одлука, туку најави воведување патарина и на други патишта.
Ако постои напредок во разговорите, не е исклучена можноста да се одржи нова средба на премиерите на Грција и Македонија, Алекис Ципрас и Зоран Заев, објавуваат грчките медиуми, повикувајќи се на дипломатски извори.