Ние на кој било начин ќе ја спречиме употреба на терминот Македонија во името на Скопје, ова е јасно, вели лидерот на Независни Грци, партијата коалиционен партнер во грчката влада и министер за одбрана на Грција, Панос Каменос.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави вечерва дека инцидентот што се случи во Косово е брутална провокација, акт на лудило и најтежок кривичен акт, кој приштинските власти го спровеле во Косово.
– Тие дојдоа со целосно наоружување, спремно за војување. Не биле претепани само новинари. Сите оние кои беа присутни во салата – рече во живо новинарката на ТВ Мост Соња Милојевиќ за радио програмата на Спутник.
Српски жители во Косовска Митровица се обидоа да спречат влегување во зградата каде бил Ѓуриќ, по што косовската полиција употреби шок бомби. Потоа, упаднале во зградата и го привеле Ѓуриќ.
Како што преговорите се доближуваат до јадрото на проблемот, се појавуваат пречки и ќорсокак, смета одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демократија, Јоргос Кумуцакос.
За одредени прашања има приближувања, за други сѐ уште се преговара, направени се чекори, а позитивно е тоа што има политичка волја, вели заменик министерот за надворешни работи на Грција, Јанис Аманатидис, во интервју за грчкото радио Realfm, јави дописничката на МИА од Атина.
Надеж дека што е можно побргу ќе се најде заемно прифатливо решение за прашањето за името, изрази портпаролот на грчката влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос.
Независни Грци не отстапуваат од нивната позиција против употребата на терминот „Македонија“ во името на нашата земја. Ова, уште еднаш го повтори Мадалена Пападопулу, портпаролката на помалиот коалициски партнер во грчката Влада, говорејќи за грчката телевизија Скај.
Високи извори од грчкото Министерство за надворешни работи за „Катимерини“ изјавиле дека патот до решение може уште долго да трае. Весникот, коментира дека ова се должи и на внатрешните случувања во двете земји во изминатиот период.
Граничната фитосанитарна инспекција на Србија на преминот Прешево од денеска ќе работат седум дена во неделата, наместо шест како досега. Оваа одлука на Србија произлезе од првиот одржан состанок на Мешовитиот комитет на Република Македонија и Република Србија.