Освен делегација од грчкото МНР, со Коѕијас во Скопје пристигнаа и новинари од различни грчки медиуми. Како што јави дописникот на МИА од Атина, грчките телевизии во синоќешните централни изданија на вестите, имаа вклучувања во живо од Скопје.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, Кикиљас смета дека шефот на грчката дипломатија денеска во Скопје ќе разговара за нешто за што не се согласуваат Грците.
Решение на името со потребни гаранции за искоренување на иредентизмот и ревизија на Уставот се предусловите што треба да се исполнат за Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО. смета грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.
Сложено име за севкупна употреба, но и бришење на „агресивниот дух кон Грците“ од Уставот, учебниците и секојдневниот живот во соседната земја, се позициите на лидерот на партијата „Река“, Ставрос Теодоракис за прашањето за името.
Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас денеска и утре во Скопје ќе има средби со неговиот македонски колега Никола Димитров, со премиерот Зоран Заев, со вицепремиерот Бујар Османи, со претседателот на Собранието Талат Џафери и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.
Отворените прашања во грчката надворешна политика, односно спорот за името, грчко – турските односи и кипарското прашање, се дел од агендата на грчкиот премиер на средбите и активностите што ќе ги има во Брисел за време на Самитот на ЕУ.
Се надевам дека нашите соседи ќе продолжат да преговараат со добра волја за да најдеме заемно прифатен договор, вели портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчката телевизија Blue sky, јави допсникот на МИА од Атина.
Денешната посета на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас на Скопје, со директен лет од атинскиот до скопскиот аеродром е една од главните теми во грчките медиуми.
Соединетите американски држави се заинтересирани двете страни да го искористат прозорецот на можности што сега е отворен - вели амбасадорот на САД во Грција, Џефри Пајат, во интервју за грчкиот информативен портал „Њуз247“.
Претседателот на опозициската Нова демократија повторно упати остри критики до актуелната грчка Влада, за политиката што ја води, како во економијата така и во однос на националните прашања.