Повеќето граѓани ја сметат Грција за пријателска земја. На прашањето дали Република Грција ја сметаат за пријателска држава 41 отсто одговориле потврдно, 33 одговориле со „не“, додека 26 проценти немаат став.
Протест пред грчкиот Парламент и 48-часовен генерален штрајк планираат да одржат организаторите на демонстрациите за „одбрана на името Македонија“ во Грција, во случај евентуалниот договор да биде доставен за пратениците да дадат зелено светло.
Меѓународен договор што ќе доведе до промена на уставните одредби што содржат иредентизам и одредница на името, се предусловите за решавање на спорот меѓу двете земји според новиот алтернативен министер за одбрана на Грција, Фотис Кувелис.
Грчките медиуми објавија дека во протестот учествувале околу 5.000 лица, а потсетуваат дека ова е втор собир во Скопје за една седмица.
Промена на Уставот и име кое нема да зрачи иредентизам, а ќе обезбеди три гаранции: „не“ за промена на границите, „не“ за етнички заедници вон границите и „не“ за јазик што би настојувал на права вон границите.
Втората половина на март шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас треба да пристигне во посета на Скопје на средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров, а нова рунда за преговарчкиот процес под раководство на медијаторот Метју Нимиц се очекува да биде закажана на крајот на март или почетокот на април, најави премиерот Зоран Заев.
Поранешниот бугарски премиер Симеон Сакскобурготски денеска изјави дека е нормално Бугарската православна црква и Македонската православна црква – Охридска архиепископија да имаат заедничко сослужение.
Во текстот, најавен и на насловна страница како „Ексклузивно – седумте точки на грчкиот предлог до Скопје“, весникот ги открива позициите на Грција, кои во изминатиот период беа објавени и во други грчки медиуми.
И самиот Вучиќ, кој е и претседател на Србија и лидер на СНС, изјави дека очекува неизвесен натпревар меѓу изборната листа на наговата партија, која настапува под името „Александар Вучиќ - Затоа што го сакаме Белград“, и сите останати.
Доколку македонскиот народ одлучил да чекори кон НАТО, Русија ќе ја почитува таа одлука и нема да застане на патот, вели рускиот политички аналитичар, кого западните медиуми го сметаат за главен советник на претседателот на Русија Владимир Путин.