Спорот со името во текот на последните неколку месеци го разгорел сексуалното расположение на Грците, бидејќи тие двојно повеќе воделе љубов во споредба со претходно, покажуваат резултатите од истражувањето на грчкиот Андролошки институт, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Алтернативниот шеф на грчката дипломатија, со допис до надлежните европски комесари, соопшти дека Грција ја поддржува кандидатурата на Македонија за членство во Јадранско –јонската иницијатива.
Грчката опозициска партија Нова демократија прашува зошто грчката Влада не излезе со коментар за употребата на фразата „македонски премиер“ од Меркел за време на вчерашната средба со Зоран Заев.
Состојбата во Европа е лоша, а ширењето на НАТО кон Македонија е конфронтирање- вака ја оцени ситуацијата во регионот рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров кој е во посета на Белград. Изјави дека Русија го поддржува независниот курс на Србија.
Промена на Уставот и изнаоѓање име во кое нема да има траги од иредентизам во однос на границите, националноста и јазикот, се предусловите кои Македонија треба да ги исполни доколку сака да се интегрира во НАТО и Европската Унија, смета грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос.
Државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот им порача на Македонија и Грција да не поставуваат црвени линии и да направат се за да го решат спорот околу името, предупредувајќи на ризикот од испуштање на моменталната шанса.
Коалицискиот партнер во грчката влада, министер за одбрана и лидер на Независни Грци, Панос Каменос, вели дека не се согласува со тоа како владата го води прашањето со името и ќе направи сѐ за да не се даде терминот Македонија.
Москва не може „а да не биде загрижена за пасивноста на Европската Унија во врска со иницијативата што се појави од Тирана за т.н. тиранска платформа“, која, како што кажа, е „нескриен повик за создавање на ‘Голема Албанија’“.
Полицијата се сомнева дека поранешен припадник на Југословенската Народна армија ја фрлил бомбата во дворот на американската амбасада во Подогорица, по што се разнел со експлозија.
Грчките медиуми средбата Меркел – Заев денеска во Берлин ја забележаа главно по изјавата на канцеларката дека има посилна енергија во преговорите, но и по тоа дека Меркел го поздравила гостинот со зборовите „му посакувам добредојде на македонскиот премиер“.