Тој ја истакна важната улога на агенцијата, за која рече дека ја штити позицијата на Србија од сите оние кои би сакале да ја уништат.
Зеленски преку социјалните мрежи ѝ се заблагодари на Грција, посочи дека од почетокот на руската инвазија „обезбедува воена поддршка за Украина, вклучувајќи материјална и техничка помош, како и обука“.
Во обраќање на медиумите пред Судот, Ѓини рече дека обвинението се однесува на употреба на навреди и јазик на омраза, односно обвинетите употребиле „неетички и навредливи изрази кон семејството Хајзири“
Светска банка процени дека најголем дел од економиите на шесте земји од Западен Балкан годинава забележале умерен економски раст, но предупредува дека прогнозата за иднината останува неизвесна.
Вучиќ на самитот на БРИКС беше поканет од рускиот претседател Владимир Путин, а јавноста за тоа дозна по средбата на Путин со вицепремиерот Александар Вулин.
И покрај позитивните изгледи, како што посочува, регионот и понатаму е ранлив од повеќе ризици, вклучувајќи ги слабиот раст на светско ниво, враќањето на инфлацијата, политичката несигурност и екстремните временски појави.
Режисерот Емир Кустурица побара од Специјалното одделение за високотехнолошки криминал на Вишото јавно обвинителство во Белград да покрене постапка и да побара отстранување на „навредлива синтетизирана аудио и видео снимка“ емитувана на телевизија Пинк за Кустурица
По хаосот внатре и надвор од салата на Парламентот на Албанија, опозицијата го започна следниот протест пред градското собрание на општина Тирана, каде запалија гуми.
Црна Гора е држава потписничка на Римскиот статут, и како таква, земјата има обврска да соработува во целост со Меѓународниот кривичен суд, се додава во одговорот.
Тој потсети дека Бугарија е првата земја која ја призна независноста на Босна и Херцеговина во 1992 година.