Косовскиот министер за правда Абелард Тахири изјави дека косовскиот правосуден систем има капацитет да почне со вршење на своите должности согласно законот, без потреба од извршна мисија како што е Еулекс.
Србија се занимава со политика на мирот, и нема да се занимава со пушки, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ во одговор на заканите од косовскиот претседател Хашим Тачи.
Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави денеска дека на „заканите од Србија“ ќе биде одговорено со „пушки“.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, грчката новинска агенција АНА-МПА, ги пренесува ставовите на премиерот Заев поврзани со разговорите за името, членството на Македонија во НАТО и евентуалната средба со Алекис Ципрас.
Од половина евро до четири евра, во зависност од видот на сместувањето, ќе бидат повисоки цените во Грција во изнајмените апартмани и хотелите, поради новиот данок на престој што стапи во сила на почетокот на годинава.
Потребно е да се најде решение на проблемот со името, а со еден чесен договор, нема да постојат никакви двоења, вели во разговор со дописничката на МИА од Атина, Никос Мерѕос, грчки писател, историчар, новинар.
Српскиот министер за одбрана Александар Вулин изјави денеска дека Србија е воено неутрална држава, која сама носи одлуки и не треба да се потчинува на ничија политика.
Драган Човиќ хрватски член на Претседателството на БиХ и домаќин на политичкиот и економски собир во Мостар изјави за РТС дека ќе разговара со српскиот претседател Александар Вучиќ за сите теми што се недовршени и за тоа како да се зајакне економската соработка.
Со Владата на Заев се отвори прозорец на можности за решение и не треба да ја изгубиме шансата, вели потпретседателот на европскиот Парламент и шеф на европратеничката група на СИРИЗА, Димитрис Пападимулис, во интервју за грчката телевизија Скај.
Разликите со Скопје можат да се решат со смелост, вели министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас во интервју за германскиот весник „Шпигел“.