Со бавна динамика, по многу брзиот почеток, течат преговорите за решавање на разликата околу името меѓу Атина и Скопје, пишува во вторникот грчкиот весник Катимерини.
Поранешен вработен влегол во една софтвер фирма во Белград и почнал да пука при што настрадало едно лице, а две се повредени. Напаѓачот подоцна се обидел да се самоубие во својот стан со бомба.
- На денешен ден се навршуваат 15 години од атентатот на премиерот на Србија и лидер на Демократската партија Зоран Ѓинѓиќ, кој беше убиен пред зградата на српската влада во Белград.
И ќе се сретнам со Ципрас и нема да влезам во Владата, е одговорот, преку твитер на лидерот на партијата Река, на сценаријата во грчките медиуми во пресрет на неговата средба со грчкиот премиер.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, шефот на грчката дипломатија, објаснува зошто Грција инсистира Македонија да направи уставна промена.
Истовремено, провладината „То вима“ објави коментар под наслов „Итно да се обезбедни национално единство“ во кој повикува „веднаш да се формира предложениот Совет за национална безбедност“ .
Денеска се навршуваат 12 години од смртта на поранешниот претседател на СР Југославија и на обвинетиот во Хаг Слободан Милошевиќ, објавуваат дел од српските медиуми.
Доколку договорот за демаркација на границата со Црна Гора не биде ратификуван овие денови, визната либерализација на Косово нема да се случи пред 2020 година.
Српскиот весник „Новости“ пишува дека САД подготвиле пакет предлози за односите на Србија и Косово, кој ќе биде претставен при посетата на американскиот помошник државен секретар Вес Мичел на регионот.
Споменикот се наоѓа во загребската населба „Слобоштина“, при што авторот побара да остане анонимен, „на барање на Чак Норис со кого сака да одржува добри односи“.