Графити на српски јазик, со пораката „Кога српската војска ќе се врати на Косово“ осамнале утрово во северно Косово, во општините населени со мнозинско српско население, јави дописникот на МИА од Приштина.
Бранимир Несторовиќ, пратеник од листата „Ние - гласот на народот“ изјави дека не треба да се дозволи „меѓународна истрага за наводни нерегуларности“ на изборите на 17 декември, туку треба да се повтори гласањето во главниот град на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
Во денешната неделна објава на Фејсбук, Мицотакис меѓу другото се осврна и на затворениот стадион, најавувајќи дека ќе биде отворен на крајот на март или најдоцна до средината на април, со што концертите на Колдплеј на 8 и 9 јуни ќе се одржат регуларно.
Србија мора што поскоро да биде примена во Европската унија, оти во спротивно Белград ќе избере соработка со други партнери, а Брисел ќе ја загуби оваа земја, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, јави дописникот на МИА од Белград.
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, утре во Палатата Србија ќе го пречека премиерот на Република Грција, Киријакос Мицотакис, јави дописникот на МИА од Белград.
Тој изјави дека постизборните потези на опозицијата се стратегија да се избегне признавање на „тежок изборен пораз“ и да се „извлече што поголем бенефит од уште една изгубена битка“.
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Тирана го потврдува стратешкото партнерство на Албанија со САД.
Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, денеска, на претставувањето на резултатите од работата на Владата за првите 100 дена, изјави дека ќе поднесе оставка доколку за една година просечната плата во Црна Гора не биде 1.000 евра, а минималната 700.
Албанскиот министер за Европа и надворешни работи Игли Хасани оцени дека има „акутни закани по безбедноста и стабилноста кои доаѓаат надвор од Косово“, јави Топ чанел.
Според соопштението, за време на траењето на епидемијата ќе се спроведуваат мерките предвидени со Законот за заштита на населението од заразни болести.