Според Рама, Косово и Србија треба целосно да се фокусираат на дијалогот што го олеснува ЕУ и да се фокусираат на постигнување договори.
Има обид преку ЕУ и поглавјето 35 на Србија да и се наметне обврска дека доколку сака да стане членка, мора да има таканаречена целосна имплементација на Охридскиот договор и оној дел од договорот со кој не се согласивме
Апелацискиот суд на Црна Гора ја прифати жалбата на бранителите на обвинетиот јужнокорејски државјанин До Квон, осомничен за измама со криптовалути, и ја поништи одлуката на Вишиот суд и предметот го врати на повторно одлучување до првостепениот суд.
Британскиот амбасадор во Косово, Николас Абот ги нарече нереални предупредувањата за можна војна во Косово, со оглед на поддршката што Косово ја има од своите меѓународни партнери, јави дописникот на МИА од Приштина.
Таа ја повика официјална Приштина да го одложи спроведувањето на таа мерка додека не се дефинираат соодветни механизми, согласно европските стандарди.
Косовскиот премиер Албин Курти синоќа пред Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк изјави дека нема ништо против Србите и дека ќе се обиде детално да ги информира за одлуката динарот повеќе да не се користи како средство за плаќање во Косово.
Вучиќ рече дека Приштина намерно создала неподносливи услови за животот на Србите, како и дека вршат широки и систематски напади врз српското цивилно население.
Претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар денеска пристигна во дводневна официјална посета на Босна и Херцеговина.
Одговарајќи на критиките на неговите колеги од опозицијата во врска со казнените мерки на Европската унија против Косово, Авдили на денешната седница на Парламентот рече дека санкциите се „прилично фиктивни“.
Делиу-Кодра ја повика Владата да се откаже од предлог-законот за Независниот совет за медиуми (КПМ), кој вчера беше одобрен од собраниската Комисија за администрација и медиуми, оценувајќи дека тој води кон „авторитаризам и цезура“ во државата.