Во Црна Гора има 48 милионери, а најбогатиот од нив има речиси 40 милиони евра на сметки во банките во земјата, соопшти Централната банка на Црна Гора.
Србија во текот на следниот месец ќе купи од Белорусија ракетен систем С-300 и седум авиони ловци од типот МиГ-29, тврди весникот „Српски телеграф“.
Турција и Србија се двете клучи земји за Балканот и нивната соработка е од суштинско знаење за одржување на мирот, стабилноста и просперитетот на Полуостровот и во Европа, наведува турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Суд во Босна и Херцеговина денеска го ослободи воениот командант на босанската Армија, Насер Ориќ од обвинувањата за злосторства врз затвореници од српска националност на подрачјето на Братунац и Сребреница.
За време на посетата во Србија ќе биде применета екстремна мерка на безбедност, односно покај неговото лично обезбедување, за турскиот претседател ќе се грижат и 3.000 српски полицајци.
Таканаречената „Тиранска платформа“ не е причината што Груевски не е повеќе на власт, рече Еди Рама во интервју за германски „Стандард.
Официјална Приштина сериозно ја разгледува можноста да се откаже од барањето за членство во УНЕСКО како јасен сигнал до Србија дека Косово го помага процесот на дијалог, изјави косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли во интервју за Дојче веле.
Првата парада на гордоста во Косово ќе се одржи на 10-ти октомври во Приштина, под слоганот „Во името на љубовта”, објавија косовските медиуми.
Пред 17 години заврши владеењето на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ, а одбележувањето на петто-октомвриските демонстрации веќе речиси и да не постои.
Косовското Министерство за надворешни работи соопшти дека „прагматичното одложување“ на барањето на Приштина за членство во Интерпол и во УНЕСКО е засновано врз целосна и блиска соработка со САД, Британија, Франција, Германија и Италија.