На прес-конференција по средбата, Валтонен рече дека Финска е поддржувач на Косово, нагласувајќи дека ќе направат сé за да се постигне нормализација меѓу Косово и Србија.
- Како што знаете тие реформи ги опфаќаат и социо-економската сфера и областа на фундаменталните вредности, истакна Писонеро.
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека ако Босна и Херцеговина не може да функционира треба да се пристапи кон мирно раздвојување.
Во изминатите три месеци, односно од 1 јуни до 31 август, во летните здравствени амбуланти во Албанија услуга добиле над 70.000 туристи, изјави министерката за здравство Албана Кочиу.
Косовските власти потврдија дека ќе интервјуираат пет лица од петте српски паралелни институции, кои беа затворени на крајот на август, а сите петмина се од СЛ.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека не се откажал од намерата да стекне диплома за кошаркарски тренер, наведувајќи дека му преостанува да положи уште седум испити.
Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово ги повика косовските граѓани и дијаспората да избегнуваат транзит низ територијата на Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Над 270 тони мртви риби биле собрани и отстранети од морето во околината на грчкиот град Волос, а заливот Пагаситикос веќе е целосно исчистен, јави дописничката на МИА од Атина.
Тахири за порталот „Газета Блиц“ изјави дека Курти е „докажан антиамериканец“ и дека од доаѓањето на власт му нанел само штети на Косово.
Според соопштението на обвинителството, обвинетиот, како полицаец во Призрен, за време на војната во Косово, се сомничи дека извршил убиство, тортура, нехумано постапување врз цивилното население од албанска националност во Сува Река и Ораховец.