За неправилности на плажите во Грција во јули и август биле спроведени 20.500 контроли со опфатени 630 плажи и изречени казни во висина од 8,5 милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина.
Портпаролот на Европската комисија, Петер Стано, коментирајќи ја посетата на Александар Вулин на Русија рече дека одржувањето врски со Москва за време на нејзината агресорска војна против Украина не е во согласност со вредностите на ЕУ и процесот на пристапување во Европската Унија.
Вулин изразил голема благодарност до рускиот претседател „за цврстиот став на Руската Федерација во однос на почитувањето на суверенитетот и територијалниот интегритет на Србија и непризнавањето на Косово“.
Харадинај за телевизијата Т7 изјави дека во континуитет се потпишуваат стотици тендери од еден извор, а за такво нешто вели дека Курти ќе заврши во затвор.
Неколку видови на дрога, меѓу кои и таканаречениот розов кокаин „Туси“, открила и запленила грчката полиција во акција во два стана во Атина, при што уапсено е едно лице, а се трага по уште двајца, јави дописничката на МИА од Атина.
На локалните избори во главниот град на Црна Гора, Подгорица, закажани на 29 септември, ќе учествуваат 13 листи.
Резултатите од најновото истражување на црногорскиот Завод за статистика (Монстат) покажуваат дека во 20,1 отсто од граѓаните на Црна Гора во 2023 година биле во ризик од сиромаштија.
Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, го затвори годинешниот Бледски стратешки форум, кој според неа е „најтежок во сложената геополитичка ситуација“.
Во текот на август во Србија се регистрирани 93 нови случаи на морбили, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.
Во објава на неговата страница на Фејсбук, Курти тврди дека годишниот просек на директни странски инвестиции од 2007 година до пред неговото доаѓање на чело на Владата на Косово бил 299,8 милиони евра.