Од амбасадата забележуваат дека вчерашната акција не била координирана со ниту еден елемент на меѓународната заедница и нагласуваат дека прашањата поврзани со структурите поддржани од Србија во Косово треба да се решат преку дијалогот со посредство на Европската унија.
Хрватскиот град Дубровник започна акција против таксистите, кои според властите се премногу на улиците и предизвикуваат сообраќајни гужви. Како што соопштија, бројот на такси возила планираат да го намалат од неколку илјади на 700.
Таа посочи дека денеска се собрани за да оддадат почит на оние кои исчезнале за време на војните и конфликтите на просторот на Југославија, нагласувајќи дека за Комесаријатот „исчезнатите никогаш нема да бидат заборавени“.
Претставникот на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак смета дека постои ризик од дестабилизација на Западен Балкан, доколку страните не се вклучат во дијалогот и продолжат да преземаат некоординирани и итни активности.
Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ денеска изјави дека нема воведување на задолжителен воен рок без договор.
Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ денеска изјави дека српската власт се вооружува за една недела фиктивна војна, што никогаш нема да се случи.
Вработените во образованието во Србија денеск анајавија дека во средината на идниот месец ќе прекинат со настава доколку нема договор со властите за зголемување на платите.
Бугарија би сакала Захариева да биде комесар за регионална и кохезиона политика, со што би го надгледувала Европскиот фонд за регионален развој, во кој оди третина од буџетот на ЕУ.
Францускиот претседател Емануел Макрон на вториот ден од посетата на Белград рече дека е убаво да се има сигурни пријатели и историски константи во свет каде што се е нестабилно.
Според податоците од периферијата, објавени од грчките медиуми, во акцијата на чистење на заливот кај Волос интервенираат четири брода и седум рибарски чамци.