Бранителот на титулата Јужна Африка е вториот финалист на 10.Светското првенство во рагби во кое на 28 октомври на „Стад де Франс“ во Париз ќе игра против Нов Зеланд.
Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, победи синоќа на спринт трката во Остин во рамки на Големата награда на САД во Формула 1, минувајќи прв низ целта пред Луис Хамилтон (Мерцедес) и Шарл Леклер (Ферари).
Третите по ред Светски борбени игри годинава се одржуваат во Ријад, Саудиска Арабија. На нив ќе учествуваат и двајца Македонци.
Членот на шаховскиот клуб Алкалоид, Трајко Недев, кој неодамна во Струга на Светското екипно првенство за сениори, го освои сребрениот медал за играта на втората табла, успехот им го посвети на младите шахисти за кои побара поголем поддршка од институциите.
Возачот на Ферари, Шарл Леклер победи на квалификациите за трката во Формула 1 за Големата награда на САД. Тој до пол-позицијата стигна со извозен најбрз круг со време 1 минута 34,723 секунди.
„Истите се реакција на кршењето на Олимписката повелба од страна на руската и белоруската влада“, додаде МОК.
ФИА соопшти дека четирикратно ќе ја зголеми казната која стјуардите можат да им ја изречат на возачите и нивните екипи.
Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ, ќе ја почне сезоната во 2024. на екипниот Јунајтед куп во Австралија, но неговиот голем ривал Рафаел Надал нема да биде во шпанската екипа, потврдено е денеска.
Будимпешта од 24 до 29 октомври ќе биде домаќин на Светското првенство во карате на кое меѓу 1.100 натпреварувачи од 120 земји од пет континенти ќе настапат и 14 македонски каратисти.
Етапата од Формула 1 шампионатот во Остин, Тексас, ќе се одржи од 20 до 22 октомври.