Долгоочекуваниот меч за обединување на титулите во тешка категорија меѓу британските боксери Ентони Џошуа и Тајсон Фјури ќе се одржи во август во Саудиска Арабија.
Со подобрувањето на епидемиолошката состојба во државата и во очекување на укинување на одредбата за задолжителен ПЦР тест на натпреварувачите пред секој натпревар, пинг-понгарите го очекуваат продолжението на сезоната
Актуелниот светски првак во Формула 1 Луис Хамилтон најави денеска дека би сакал да го продолжи договорот со екипата на Мерцедес пред почетокот на летната пауза.
Посетата на претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Томас Бах на Токио е откажана поради растот на бројот заразени со коронавирус, соопшти организацискиот одбор денеска паралелно со објавувањето на најновите анкети кои покажуваат негативно расположение на Јапонците за одржување на летната Олимпијада.
По освоената А норма, за Олимпискиот турнир во Токио, најдобриот македонски таеквондист, Дејан Георгиевски, денес одржа прес-конференција на која ја истакна амбицијата за освојување на златен медал на претстојниот најголем спортски планетарен настан
Возачот на ПСС Рејсинг, Франко Џиролами освои трето место на првенството на Европа за возила со ТЦР хомологација, и на македонскиот тим по втор пат на отворањето на сезоната му носи трофеј во првиот Гран при викенд одржан во Словачка
Денеска од 11:45 часот регионалниот пат Кочани – Пониква е затворен за сообраќај, поради одржување на „Авто трки“
Таеквондистот Дејан Георгиевски е првиот македонски спортист кој обезбеди настап на претстојните Олимписки игри во Токио, откако денеска триумфираше во категоријата над 80 килограми на квалификацискиот турнир во Софија.
Актуелниот светски првак во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон, ја обезбеди 100-та пол – позиција во својата кариера, постигнувајќи денеска најбрзо време во квалификациите за Големата награда на Шпанија.
Постои реална можност Олимпијадата во Токио да се одржи ова лето како што е планирано, но поради непредвидливите ризици од пандемијата на коронавирус многу одлуки околу форматот на Игрите би можеле да се носат во последен момент, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО)