По пауза од 60 години, екипата на „Астон Мартин“ се враќа на трките во Формула 1, претставувајќи го денеска новиот болид „AMR21“ во кој во новата сезона ќе возат Себастијан Фетел и Ленс Строл.
Со почетна цена од 200.000 евра утре на аукциска продажба преку интернет ќе биде понуден автомобилот од марката „Порше 911“ кое во минатото го поседуваше аргентинската фудбалска легенда Диего Армандо Марадона.
Несогласувањата во Скијачката федерација на Македонија (СФМ) продолжуваат, откако дванаесет клубови го напуштија денешното редовно изборно Собрание поради, како што наведоа, обид на привременото раководство да избере нов претседател, надвор од Статутот на федерацијата и Законот за спорт.
Првата иранска носителка на олимписки медал, „бронзената“ во таеквондо од Игрите во Рио де Женеиро во 2016 година, Кимиа Ализаде, доби статус на бегалец во Германија и најави настап на летната Олимпијада во Токио под знамето со бела боја, кое го симболизира Олимпискиот тим составен од бегалци.
Мерцедес објави фотографии од новиот болид „W12 E Performance“ за претстојната сезона во Формула 1. Презентацијата на автомобилот ќе се одржи денес, 2 март, во онлајн формат
Доброволно вакцинирање против Ковид-19 на сите екипи во Формула 1, понудија денеска властите во Бахреин спроти претстојниот старт на новата сезона во Ф1.
Полскиот град Торун од 5 до 7 март ќе биде домаќин на Европското сениорско првенство во сала на кое македонската атлетика ќе има еден натпреварувач во Јован Стојоски.
Три златни и три бронзени медали освоија каратистите на Макептрол викендот на интернационалниот карате турнир кој се одржа во Босна и Херцеговина, „Тузла – опен“.
Швајцарката Лара Гут-Бехрами ја обезбеди титулата во супервелеслалом во рамки на Светскиот куп на скијање по денешната трка во Вал ди Феса, на која го освои второто место, зад победничката Федерика Брињоне од Италија
Вкупно 82 скијачи од десетина градови од државата учествуваа на натпреварот „Осоговски велеслалом“ што денеска се одржа на Пониква