Спортскиот арбитражен суд (CAS) во Лозана и ја преполови на Русија четиригодишната забрана за настап на големите натпреварувања, но ја остави на сила забраната за учество под руско знаме на спортистите од оваа држава на претстојните Олимписки игри во Токио и на зимската Олимпијада во Пекинг во 2022 година.
Светскиот првак во скијачки скокови, Германецот Карл Гајгер, е заразен со коронавирус, но нема симптоми и се наоѓа во самоизолација во својот дом, соопшти денеска Германската скијачка федерација.
Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) го одобри календарот на Формула 1 за сезоната 2021 година
Тениската асоцијација на професионални тенисери на својата официјална веб-страница го претстави календарот на натпревари за првите два месеци од 2021 година
Престижниот американски магазин „Форбс“ објави ажурирано рангирање на најплатените познати личности во светот на крајот на 2020 година
Раководството на Формула 1 најави продолжување на договорот со организаторите на трките на патеката Интерлагос. Новиот договор со бразилскиот автодром важи до 2025 година
Украинецот Владимир Кличко и Американецот Флојд Мејведер јуниор се најзвучните нови имиња кои влегуваат во Меѓународната боксерска „Куќа на славните“, соопшти денеска оваа институција се седиште во градот Канастота, во американската сојузна држава Њујорк.
Канадската полиција ги пронајде и заплени вредните хокеарски реквизити на легендарниот Канаѓанец Вејн Грецки, што беа украдени од домот на неговиот татко Волтер, во градот Брентфорд, во покраината Онтарио.
Порше најави враќање на трките за издржливост и идно учество на „24 часа Ле Ман“. Порше има намера повторно да влезе во „WEC“ и „IMSA“ шампионатите, почнувајќи од 2023 година
Факелот со олимпискиот оган ќе мине низ сите 47 јапонски провинции, и покрај пандемијата на коронавирус, соопштија денеска организаторите.