Британецот Ентони Џошуа го победи рускиот боксер Александар Поветкин синоќа во Лондон на „Вембли“ со нокаут во седмата рунда.
Првата авто слалом трка за шампионатот на Македонија денеска се одржа во Струмица. На трката учествуваа 24 возачи од Скопје, Велес и Струмица.
Победничката на УС Опен, Наоми Осака (Јапонија) и поранешната светска тенисерка број 1 Викторија Азаренка (Белорусија) го откжаа своето на турнирот во Вухан (Кина) со награден фонд 2.74 милиони долари.
Чешката тенисерка Каролина Плишкова е победничка на ВТА турнирот во Токио, Јапонија.
Бошко Стаменковски, единствениот спортист кој ја претставуваше Македонија на Светското првенство во Power lifting кое се одржа во унгарски Егер освои сребрен медал во дисциплината бенч-прес до 75 килограми.
На ревијалниот тениски „Лејвер куп“ во Чикаго каде играат селекциите на Светот и на Европа резултатот по вториот ден е 7:5 за тенисерите од „Стариот континент“.
Големите тениски ѕвезди Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер утринава се поразени во првиот нивни меч како двојка.
По осми пат во Прилеп се одржува меѓународната планинска трка „Крали Марко Треилс“. Околу 400 натпреварувачи од 21 земја ги трчааат трите планински маратони со старт од амфитеатарот во најстарата прилепска населба Варош, преку Марковите кули па се до Козјак и назад.
Во моментов најдобрата светска тенисерка Симона Халеп изјави дека по освојувањето на „Ролан Гарос“ се чувствува порелаксирано.
Легендарниот австралиски тенисер Род Лејвер смета дека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе доминира на светската сцена во следните две до три години.