Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во третиот круг на Роџерс Купот во Торонто по победа над канадскиот тенисер Питер Полански со 6:3, 6:4.
Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро се повлече од тенискиот „Мастерс“ турнир во Торонто, чиј награден фонд е 5,3 милиони долари, каде требаше да биде трет носител.
Единствениот македонски претставник во машка конкуренција на Европското атлетско првенство во Берлин, Дарио Ивановски, го заврши својот настап на претпоследното место во квалификациите на 1.500 метри.
Легендарниот италијански мотоциклист Валентино Роси по најавите дека патеката за Фолмула 1 може да биде вметната во календарот за Мото Ги-Пи шампионатот, реагираше дека таа не соодветна за трки со мотори и ќе биде премногу опасна за возачите.
Организаторите на Летните Олимписки игри во Токио во 2020 година, планираат да воведат систем за препознавање на лицето на сите акредитирани со што би се направил чекор напред во безбедноста на најголемиот спортски настан во светот.
Македонската атлетичарка Дрита Ислами забележа најслабо време во квалификациите на трката на 400 метри на Европското првенство во Берлин, Германија.
Американската тенисерка Серена Вилијамс се плаши дека ќе биде лоша мајка за нејзината ќерка, која е родена во септември минатата година. Спортистката призна дека таквите мисли периодично ја посетуваат.
Легендата за автомобилскиот спорт Ники Лауда се опоравува многу брзо по трансплантацијата на белите дробови.
Во организација на РК Струга на игралиштето на отворено кај женска плажа во Струга, од 15 до 19 август ќе се одржи 46. Меѓународен ракометен турнир „Струга 2018“.
Русинката Светлана Кузњецова го освои трофејот на ВТА турнирот во американската престолнина Вашингтон, откако синоќа во финалето ја победи Дона Векиќ од Хрватска со 2-1.