Каратистот на Макпетрол, Абдурахим Идризи го освои златниот медал во Светската младинска лига во Умаг, Хрватска. Тој во јуниорска конкуренција категорија -55 кг. во финалето го совлада Максим Краснов од Русија со 7-2.
Според светскиот шампион во Формула 1, раното вртење по судир со Кими Раиконен во самиот почеток на Големата награда на Велика Британија во Силберстоун била „интересна тактика“.
Германецот Себастијан Фетел со Ферари победи на трката за Големата награда на Велика Британија во Формула 1 на патеката во Силверстоун и го зголеми водството во генералниот пласман.
Македонскиот автомобилист Игор Стефановски - Иџе не ја заврши втората трка на „Хунгароринг“, која е дел европскиот ТЦР-шампионат.
Рафаел Надал беше во одлично расположение по неговата победа денес на „Вимблдон“. Шпанецот денес немаше проблеми против австралискиот талент Алекс Де Минор и го победи со 6:1, 6:2, 6:4.
Хуан Мартин Дел Потро скрши неколку рекорди со неговата победа на „Вимблдон“ денеска. Аргентинецот победи со 6:4, 7:6 (4), 6:3 против Беноа Пер од Франција и се пласираше во осминафиналето. Таму тој ќе се соочи со друг Французин - Жил Симон, кој се соочи со Метју Ебден по 6:1, 6:7 (3), 6:3, 7:2 (2).
Луис Хамилтон со Мерцедес ги освои квалификациите пред Гран При на Велика Британија во Формула 1.
Македонскиот автомобилист Игор Стефановски - Иџе заврши на 13-тото место на патеката Хунгароринг во Унгарија, која се вози како дел од ТЦР шампионатот.
Актуелната носителка на трофејот од „Вимблдон“, Гарбине Мугуруса го заврши своето учество во вториот круг, откако беше поразена од Белгијката Алисон Ван Витванк по 7:5, 2:6, 1:6.
Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ го победи Аргентинецот Хорацио Себаљос со 6:2, 6:1, 6:3 и се пласираше во третиот круг на „Вимблдон“.