Во финалето на ВТА турнирот во Доха, Катар ќе играат Симона Халеп од Романија и Елисе Мертенс од Белгија. Ова е епилогот по денешните полуфинални пресметки.
Норвежанецот Хенрик Кристоферсен е победник на велеслаломот на Светското првенство во шведски Оре. За норвешкиот скијач ова е прв мундијалски медал.
Македонецот Лука Божиновски го освои 63.место во конкуренција на 98 натпреварувачи во велеслаломот од Светското првенство во алпско скијање што се одржува во шведски Оре.
Србинот Филип Филиповиќ е прогласен за најдобар ватерполист во 2018 година.
Седумгодишниот Американец Рудолф Инграм Јуниор, познат под прекарот „Големата Молња“, сега го доби и епитетот – „новиот Усеин Болт“.
Тимот на Ферари официјално го претстави новиот болид „СФ90“ за претстојната сезона 2019 во Формула 1, со надеж да ја запрат петгодишната хегемонија на Мерцедес.
Петра Влхова стана светска шампионка во велеслалом за жени на светскиот шампионат во алпско скијање во Оре, Шведска. 23-годишната словачка допушти грешки во втората трка, но успеа да заврши пред фаворитите Викторија Ребенсбург и Михаела Шифрин.
Шефот на Мекларен, Зак Браун не ја исклучи можноста Фернандо Алонсо да вози за тимот во 2019. Предвидените за резервни пилоти Серџо Сете Камара и Ник да Врис се уште немаат суперлиценца, па мора да се имаат во предвид и алтернативни опции. Браун не прокоментира дали Алонсо може да се појави во точно таква улога, но и не отфрли слична варијанта.
Откако двете држави излегоа под заедничко знаме на Зимската Олимпијада во Пјонгчанг минатата година и имаа заеднички тим во женскиот хокеј, Северна и Јужна Кореја сега повторно си подаваат рака.
Британскиот тим Мекларен го претстави новиот автомобил „MЦЛ34“, кој оваа година ќе се натпреварува во Формула 1.