Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ нема да учествува на Мастерсот во Пекинг, објави „Спорт клуб“.
Шефот на Хас, Гинтер Штајнер во пресрет на денешната тренинг сесија во Русија, соопшти дека пилотите Кевин Магнусен и Роман Грожан остануваат и следната сезона.
Фернандо Алонсо е категоричен дека пред него нема можност да се врати назад во Формула 1.
Првиот домаќин на финалниот турнир на „Дејвис купот“, кој ќе се игра по нов формат, ќе биде Мадрид, беше објавено на веб-страницата на Меѓународната тениска федерација.
По барање на селекторот Симе Симовски, македонската женска ракометна репрезентација првиот контролен натпревар против Италија закажан за попладнево со почеток во 16:30 часот ќе биде од затворен карактер, соопшти РФМ.
Пилот на Ферари, Себастијан Фетел, рече дека е апсолутно мирен и нема потреба од помош од психолог. Таквите предлози дојдоа од страна на некои медиуми по неколку грешки на Фетел на последните трки од Ф1 шампионатот.
Аргентина и Велика Британија добија „вајлд карта“ за учество во финалниот турнир за „Дејвис купот“ во 2019 година.
Валтери Ботас ќе му помогне на Луис Хамилтон да ја освои својата петта шампионска титула до крајот на сезоната, бидејќи Финецот нема за што друго да се бори. Тоа го навести шефот на Мерцедес, Тото Волф.
Чешкиот тенисер Томаш Бердих откри дека изминатиот период размислувал да ја прекине својата кариера. Тој оваа сезона се соочува со повреди и подолго отсуство од терените.
- Еден сон станува реалност и чувствувам големо задоволство дека добив шанса да се натпреварувам за овој тим. Како Италијанец, за мене е чест да претставувам легендарен бренд како Алфа Ромео, изјави Џовинаци.