Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа има за четири места подобар ранг од претходната недела на ВТА листата и се наоѓа на 235. место.
Победникот на последното издание на трката за издржливост „24 часа Ле Ман“, Ферари, денеска ги претстави боите со кои прототипите 499P ќе се тркаат во Светскиот шампионат во издржливост (ВЕЦ) следната сезона.
Носителот број 1 во главната ждрепка на турнирот во Ротердам, Јаник Синер ја освои титулата на натпреварувањето откако го совлада Алекс де Минор со 7:5, 6:4.
Пилотот во Формула 1, Фернандо Алонсо ја коментираше количината на тестирања пред почетокот на секоја сезона во најбрзото автомобилско натпреварување во светот.
Светскиот шампион Макс Верстапен е изненаден од агресивниот пристап на инженерите на Ред Бул при креирањето на РБ20, кој вклучува неколку интересни дизајнерски одлуки.
Швајцарската скијачка Лара Гут-Бехрами победи на денешниот спуст од Светскиот куп на патеката во Кран Монтана со што ја зголеми предноста во генералниот пласман пред Американката Микаела Шифрин.
Четирикратната грен – слем шампионка, Јапонката Наоми Осака и чешката тенисерка Барбора Крејчикова, го откажаа денеска настапот на турнирот во Дубаи.
Рускиот тенисер Данил Медведев нема да ја брани титулата на АТП турнирот „Катар Опен“ од серијата 250 што идната недела ќе се одржи во Доха, наведувајќи како причина повреда на стапалото.
Тимот на Ред Бул официјално го претстави болидот РБ20, со кој ќе ги брани шампионските титули во Формула 1 во сезоната 2024 година.
Возачот на Ферари, Шарл Леклер, изјави дека нема да се согласи да освои неколку етапи во Формула 1 во новата сезона. Целите на Леклер се поамбициозни од само 2-3 победи во 2024 година.