Двајца американски филмски продуценти заминале во Тајланд, на местото каде е во тек акцијата за спасување на момчињата кои се блокирани во пештерата, јави Би-би-си.
Компанијата „Лантерн капитал партнерс“, која го купува филмското студио на холивудскиот продуцент Харви Вајнстин откако тој банкротираше, соопшти дека прифаќа да ги исплати заостанатите хонорари, меѓу кои и на глумците како што се Роберт Дениро и Мерил Стрип.
Британскиот комичар Саша Барон Коен, попознат како Али Џи или Борат, вчера, на 4 јули, Денот на независноста на САД, го навести својот следен проект - пародија посветена на неговиот „стар соперник“ Доналд Трамп.
Наместо само трејлерот, продукциската куќа Сони по грешка прикачи цел филм на Јутјуб.
На прочуената париска авенија „Елисејски полиња“ вчера вечер првпат е подигнато кино на отворено, а на спектакуларниот екран од 180 квадратни метри прикажан беше филмот „Посетители", во присуство на еден од главните актери - Жан Рено.
Актерот Раде Шербеџија бил уапсен во САД поради возење во пијана состојба, откако полицајците забележале дека неговиот автомобил оди лево- десно, односно не се движи како што треба, и за малку ќе удрел неколку возила, јавува американскиот портал ТМЗ.
Францускиот филм „120 отчукувања во минута“ на режисерот Робин Кампиљо (Мароко, 1962) од вчера е на репертоарот на кино „Милениум“. Филмот беше фаворит на Канскиот филмски Фестивал, не доби „Златна палма“, но освои Гран-при на фестивалот.
- 3а жал, Ванеса не можеше да ни се придружи вечерва на премиерата. Таа мораше да отпатува оти нејзиниот син има сериозни проблеми со здравјето, изјави синоќа Јан Гонзалес, режисер на филмот.
За професионалната биографија на лауреатот зборуваше уметничкиот директор на ИФФК Благоја Куновски-Доре кој рече дека Дикинс (1949) ќе биде гостин во Битола за време на фестивалот заедно со неговата сопруга, Џејмс Елис Дикинс, исто така филмски професионалец.
Кирстен Данст и Џорџ Клуни работат на црната комедија „On Becoming a God in Central Florida”, ТВ серија во продукција на компанијата на Клуни - Смоукхаус Продакшнс. Серијата ќе се прикажува на Јутјуб.