Македонскиот краткометражен филм „Црни и криви“ во режија на Марко Џамбазоски својата африканска премиера ќе ја има на „Slum Film Festival“, кој се одржува од 27 до 31 август во Најроби, Кенија.
Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелните ефекти на шестиот дел на филмот „Невозможна мисија“ насловен „Пребројување“, кој од вечерва ќе почне да се прикажува во Скопје.
Македонскиот краток филм „Еклер”, по сценарио и режија на Марко Ѓоковиќ ја доби наградата за најдобар филм во категоријата на среднометражни филмови на годинашното десетто издание на Меѓународниот филмски фестивал во Приштина (ПриФест).
Авторот на култната анимирана серија „Симпсонови“, Мет Грејнинг, режисерот Дејвид Силвермен и сценаристот Ал Жан соопштија дека гледачите наесен може да ја очекуваат 30-та сезона.
Oткако пред неколку дена, поради контроверзните објави на Твитер, Дизни го отпушти режисерот Џејмс Ган од проекот „Чувари на Галаксијата 3“, илјадници обожаватели преку онлајн петиција бараат негово враќање.
Американскиот глумец Денис Квејд гостуваше во емисија на Ен-би-си, во која говореше пред се за улогата на поранешниот претседател на САД Роналд Реган, со која е актуелен периодов, но и за својата зависност од кокаин.
Актерката Елмари Вендел, најпозната по улогата на ексцентричната г-ѓа Дубчек во хит хумористичната серија „Третиот камен од Сонцето“, почина викендов на 78-годишна возраст.
На годинашниот 65. Филмски фестивал во Пула, Хрватска, „Жаба“ во режија на Елмир Јукиќ освои „Златна арена“ за најдобар филм и „Златна арена“ за режија, а ја доби и главната награда од Федерацијата на филмсклите критичари на Европа и Медитеранот - ФЕДОРА.
„Тајната состојка “ на „Исцелителот“ од вчера е „достапна“ и за грчката публика во кино салите во Атина. Со синоќешната премиера во легендарното кино „Трианон“, во следните најмалку две седмици, започнува прикажувањето на македонскиот филм „Исцелител“, односно „Тајна состојка“, како што е интернационалниот и грчкиот наслов на филмот.
Во присуство на режисерот Ѓорче Ставрески, вечер од 21 часот во атинското кино „Трианон“ ќе биде прикажан филмот „Исцелител“, јави дописничката на МИА од Атина.