Познатиот американски актер Роберт Редфорд (81) најави дека ја напушта актерската кариера и оти неговиот филм „Старецот и пиштолот“ најверојатно ќе биде неговата последна улога.
Кинеските власти забранија дистрибуција на новиот игран филм на Дизни „Кристофер Робин, каде си?“ за познатото мече Вини пу, пренесува Би-Би-Си.
Словенечкиот актер и продуцент Матија Барл, кој стана познат по улогата на Кекец во истоимениот филм снимен во 1951 година, почина на возраст од 79 години.
Актерот Стивен Сигал е назначен за специјален претставник на руското Министерство за надворешни работи за хуманитарни врски со САД.
Љубителите на светски познатата серија „Игра на престолите“, барем оние поситуираните не мора веќе само да фантазираат да станат дел од неа... Имено, Госфардовиот замок во Северна Ирска е ставен на продажба, а почетната цена е 656.452 долари.
Во Делчево синоќа премиерно беше прикажан краткометражниот филм „Коливо“ на Андреј Волкашин Илиевски, режисер по потекло од село Град, Делчевско, каде беа снимени поголем дел од сцените.
Ребека Фергусон ќе се појави во продолжението на хит филмовите од минатата деценија, „Луѓе во црно“. Проектот е во претпродукција, Мет Холовеј и Арт Маркум, а режисер ќе биде Ф. Гери Греј.
Чарли Шин е се помалку баран од продуцентите на филмови и серии, па веќе, се чини, не може да плаќа алиментација за четирите деца со двете поранешни сопруги - Дениз Ричардс и Брук Мјулер.
Акцијата е еден од најпопуларните филмски жанрови. Адреналинот и опасноста со децении ја привлекуваат публиката, па „Бизнис Инсајдер“, според оценките на интернет страницата „Ротен Томејтос“ состави топ листа од 10 најдобри акциони филмови на сите времиња.
Актерката Линзи Лохан предизвика остри критики кај нејзините следбеници на социјалните мрежи, откако им се закани со отказ на две хостеси затоа што носеа различни чевли.