Ниту еден од пријавените филмови не ги исполнува естетските и наративните критериуми за да биде македонски кандидат за Оскар, од неанглиско говорно подрачје, одлучи Комисијата за избор на македонски кандидат за Оскар.
Во Центарот за култура Битола в недела ќе биде македонската претпремиера на серијата „Сенки над Балканот“ – по концепт и во режија на Драган Бјелогрлиќ.
Филмот „Џган“ на режисерот и сценарист Вардан Торзија ја освои главната награда „Златен светилник 2017“ на Филмскиот фестивал во Отранто, Италија.
Долгометражниот игран филм „Златна петорка“ на Горан Тренчовски влезе во официјалната селекција на 36-то издание на Интернационалниот филмски фестивал во Њу Џерси од вкупно пријавените 367 филмови од цел свет.
Краткометражниот филм „Последните камбани“ ја освои првата награда за кратки филмови на 41. „Монтреал ворлд филм фестивал“, што се одржа од 24 август до 4 септември.
Започна снимањето на домашната серија „Инсајдер“, која ќе се прикажува на телевизијата „Телма“.
Со проекција на научнофантастичната драма „Намалување“ на Александер Пејн во која главната улога ја има Мет Дејмон, синоќа почна 74. Филмски фестивал во Венеција.
Долгометражниот македонски игран филм „Златна петорка“ во режија на Горан Тренчовски ќе биде прикажан на јубилејниот 25. Интернационален филмски фестивал „Љубовта е лудост“ во Варна, Бугарија.
Филмот „Темната кула“, најновото филмско остварување според делото на Стивен Кинг, во режија на Николај Арчел, чии визуелни ефекти работеше и Македонската компанија FX3X, премиерно ќе биде прикажан вечер во Скопје.
Од 4 септември ќе почне со емитување новата телевизиска серија „На терапија“, првата македонска ТВ-продукција снимена според странска лиценца.