Автобусите од јавниот превоз од денес ќе сообраќаат по вобичаениот зимски возен ред независно од продолжувањето на училишниот зимски распуст.
Соодветно препораките на централната и градската власт и заложбите на Општина Аеродром, ги активираме дополнителните интервентни мерки кои се однесуваат на целата територија на Општината, конкретно:
Денеска, заврши десетото издание на Меморијалниот турнир во мал фудбал во чест на Тоше Проески. Главен покровител на турнирот беше Општина Карпош, а организатор е Здружението на стопанственици Власи „Мандра“.
Во секоја училница од 23-те средни скопски училишта во изминатиот месец е поставен прочистувач на воздух, односно вкупно 572, за што Град Скопје инвестираше околу 11 милиони денари.
Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ соопшти дека од денеска во 12 часот е бесплатно користењето на јавниот превоз во главниот град.
Автобусите на ЈСП „Скопје“ и приватните превозници од денеска, 20 јануари, ќе возат бесплатно за граѓаните на Скопје. Одлуката денеска ја донесе Град Скопје и стапува во сила веднаш, а ќе важи до моментот на намалување на загадувањето на воздухот за што јавноста ќе биде дополнително известена.
Автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници од денеска, 20 јануари, ќе возат бесплатно за граѓаните на Скопје. Одлуката денеска ја донесе Град Скопје и стапува во сила веднаш, а ќе важи до моментот на намалување на загадувањето на воздухот за што јавноста ќе биде дополнително известена.
Во населбата Долно Нерези, во Општина Карпош, традиционално се одбележа христијанскиот празник „Богојавление - Водици“.
По повод одбележувањето на големиот христијански празник Водици (Богојавление), претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, присуствуваше на положувањето на светиот Крст во водите на реката Вардар, од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, кое се одржа на мостот Слобода.
Градоначалникот на Карпош Стефан Богоев денеска имаше средба со градоначалникот на хрватската општина Нова Градишка, Винко Гргиќ, на која разговарале за актуелните случувања во општините, како и за продлабочување на соработката.