Во текот на овој месец инспекторите од општина Аеродром изрекле 19 парични казни во висина од 50 евра во денарска противвредност за фрлање ѓубре на јавна површина, како и за изложување земјоделски производи на јавна површина. Исто така, имале и три интервенции за палење оган на јавна површина, од кои една во Долно Лисиче и две на улицата „Граврил Константиновиќ“ во населбата Лисиче. За палење оган се изречени и повеќе од 15 опомени.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ за денеска попладне во 17 часот најави протест во центарот на Скопје, кој го организираат една година по приведувањето на лицата за собраниските инциденти од 27 април лани.
Новите еколошки автобуси за потребите на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ќе се набават со 12 милиони евра од кои 10 милиони евра ќе бидат заем од Европската банка за обнова и развој, а останатите од буџетот на јавното претпријатие.
Учениците од 10-те основни училишта во општина Карпош денеска на градоначалникот Стефан Богоев му го презентираа проектот „Детективи на патот“ и ги посочија најкритичните точки по улиците, на патот од нивниот дом до училиштето. Се осврна на состојбата на сервисните улици, потребата од поставување нови пешачки премини, сообраќајни знаци и забавување на брзината на возилата.
Во парк-шумата Гази Баба од денеска е пуштена во употреба фитнес-зоната, што се простира на површина од 200 метри квадратни.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека поради закажаниот протест на ВМРО-ДПМНЕ ќе има посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје.
Проблемот со загадувањето е резултат на повеќедецениска негрижа и не може да се реши поинаку освен со систем кој ќе ги таргетира корените односно кој ќе гарантира промени на среден и на долг рок.
„Главните градови соочени со проблемите поврзани со животната средина“ е тема на семинарот што денеска ќе се одржи во Скопје.
Дирекцијата за култура и уметност-Скопје ги додели трите награди од првиот конкурс за новинарски есеј на тема „Визија за европско Скопје“, кои се обезбедени со поддршка на Делегацијата на ЕУ во Скопје.
Дека на секоја страна има несовесни луѓе, покажува и оваа слика од скопската Зоолошка градина.