Издадени се 11 решенија за отстранување урбана опрема во општина Центар во рамки на есенската акција на Секторот за инспекциски работи за регулирање, расчистување и уредување на урбаната опрема поставена на територија на општината.
Скопското астрономско друштво вечер во кафе „Ли“ организира следење во живо на слетувањето на сондата „InSight“ на површината на Марс.
Македонската православна црква за ТВ24 потврди дека ќе добие станови на атрактивна локација спроти Градски трговски центар, односно хотелот „Холидеј Ин“, во замена за земјиштето што го дале таму на инвеститорот.
Несовесни граѓани ја искршиле опашката од „Бикот“ на улица Македонија во центарот на Скопје.
Скопското астрономско друштво утре вечер во кафе „Ли" организира следење во живо на слетувањето на сондата „InSight" на површината на Марс.
Со црвени, жолти и зелени лепенки на возилата ќе се намалува аерозагадувањето во Скопје. Еколошкото категоризирање на возилата е една од првите поконкретни долгорочни мерки што ги планира Владата за активна борба против загадувањето на возухот, за што предложи измени и дополнувања на Законот за возила.
Градоначaлникот Петре Шилегов, денеска присуствуваше на обновувањето на дрворедот на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, дел од големата есенска акција за зазеленување на градот.
Внатрешната контрола во рамки на градската администарција, која започна да функционира од 17 септември годинава, според првичните извештаи ги дава резултатите со подобрување на услугите за граѓаните, оценува градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов.
Најпогрешен и најлош начин да го третирате загадувањето е да се рече дека може на брз начин да се реши. Тоа е проблем акумулираан со децении како резултат на недобрите стратегии и недобри планирања на градот. Токму заради тоа не постои начин на кој можете одеднаш да го надминете овој проблем. Зазеленувањето е еден од начините за решавање на загадувањето, рече градоначланикот на Град Скопје Петре Шилегов.
Градоначланикот на Град Скопје, Петре Шилегов, во изјава за новинарите рече дека согласно буџетската ставка за украсување на градот биле предвидени 16 милиони денари, но по завршувањето на тендерската постапка тоа ќе чини 13 милиони денари, што е вели, иста сума споредено со претходните години.