На свеченост во Македонската филхармонија по повод 74 години од ослободувањето на главниот град, вчеравечер беа доделени наградите „13 Ноември“ на Град Скопје, а на годинашните добитници им ги врачи градоначалникот Петре Шилегов.
Во Универзалната сала денеска ќе се одржи конференција, каде граѓаните и професионалната јавност ќе бидат информирани за значењето на титулата Европски град на културата, начинот и процесите до поднесување на апликацијата за таа престижна европска титула.
Шесте нови мерни станици, кои го мерат загадувањето на воздухот во Скопје, поставени од страна на проектот „Скопје пулс“ утринава и синоќа измерија високо ниво на загадување.
Град Скопје сака да ги разјасни дел од недореченостите околу доделувањето на наградите за спортисти „13 Ноември“ од Сојузот на спортови на Скопје.
Согласно критериумите за доделување на наградата „13 Ноември“ што ја доделува Сојузот на спортови на Скопје, денеска беа врачени наградите на најзаслужните спортисти, тренери, екипи и спортски работници во македонската престолнина.
Градоначалникот им се заблагодари на борците за несебичната и пожртвувана борба за слободата по која копнееле генерации скопјани и изрази желба оваа убава традиција на средби да продолжи и воедно ги послужи и ги почасти со виски (или ракија).
Градоначалникот Шилегов вчеравечер во ресторанот на „Парк хотел и спа“ имаше работна вечера со делегација од збратимениот град Подгорица, Црна Гора, предводена од градоначалникот Иван Вуковиќ.
Црвен крст на Град Скопје, со поддршка на Општинската организација на Црвен крст Карпош, по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје организираа крводарителска акција.
Скопје денес има свои нови битки и нови предизвици. Исправени сме да се бориме заеднички. Секој од нас, како граѓанин, ние како институции за подобрување на условите за живот во нашиот град. Скопје се менува секојдневно и од ден на ден станува близок до европските престолнини. Го менува својот лик со цел на граѓанитре да им овозможи вистински стандарад на урбано живерње на една европска престолнина.
Секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски денеска подели 65 нови ваучери за новородените дечиња од општината. Еднократна парична помош во висина од 6.000 денари се доделува на семејства кои живеат на територијата на општина Кисела Вода.