Актуелната политичка ситуација во која се наоѓа државава, придобивките од членството на Македонија во ЕУ и важноста на референдумот како демократски инструмент за интегрирање во евроатлантските сојузи биле темите на разговор меѓу градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ Амбасадорот на Република Унгарија во РМ, Ласло Иштван Дукс.
Новите технологи во мобилноста веќе се присутни во нашата држава, но треба да најдеме сили да станат подостапни за граѓаните преку директни субвенции од власта. Оваа порака денеска ја упати Оливер Велковски од организацијата за електрични возила „Е-мобилност Македонија“ во рамки на одбележувањето на Европската недела на мобилност 2018.
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов изјави дека за вчерашниот случај со евакуираните жители од ТЦ „Скопјанка“, за жал Градот нема многу законски надлежности во таа процедура. Тврди дека морал да преземе се како човек и како градоначалник за да биде сигурен дека луѓето ќе можат да се вратат безбедно во нивните домови.
Во индустриската зона Визбегово во ноември годинава ќе почне изградба на водоводна и канализациска мрежа за што ќе бидат инвестирани осум милиони евра, најавија при денешната посета на зоната министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски.
Литија по улиците во центарот на Скопје ќе биде одржана денеска во пресрет на утрешниот празник на Раѓањето на Мајката Божја, Пресвета Богородица – заштитничката на градот Скопје.
Со повеќе активности со акцент на одржливиот транспорт денеска ќе продолжи одбележувањето на Европската недела на мобилност 2018.
Одбележувањето на Европската недела на мобилност 2018 денеска продолжи со серија предавања за учениците од СУГС „Боро Петрушевски“ за развојот на велосипедскиот сообраќај во европските земји, за пилот проектот за намалување на урбаните топлотни острови и за безбедноста во велосипедскиот сообраќај.
Поставени се дигитални мерачи на брзина пред средните училишта „Јосип Броз Тито“, „Панче Караѓозов“, „Здравко Цветковски, „Марија Кири Склодовска“ и „Боро Петрушевски“, со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се намали бројот на сообраќајни незгоди, соопштија од Град Скопје.
Дигитални мерачи на брзина ќе бидат поставени во близина на пет средни училишта во Скопје. Целта е зголемување на свесноста на возачите и поголема безбедност во сообраќајот.
Претставниците на власта и невладиниот сектор денеска повторно дебатираа за изградбата на гасоводот на Водно. Според експертите, проектот долгорочно ќе има позитивно влијание и ќе придонесе за обезбедување сигурно и квалитетно снадување на потрошувачите со енергија, преку зголемено користење на природниот гас. Невладините организации, пак, бараат да се почитува заштитеното подрачје и да не се нарушува природната рамнотежа затоа што тоа може да влијае на градот Скопје.