Стручните служби на Град Скопје ќе ја разгледаат иницијативата поднесена од Општина Аеродром за ново сообраќајно решение на булеварот „Србија“ и во соработка со Министерството за внатрешни работи, во рамките на законските можности, ќе биде понудено најдобро и најбезбедно решение за овој долгогодишен проблем.
Овластен градежен инспектор на општина Центар со полициска придружба денеска затвори нелегално градилиште во населбата Кале, откако во текот на вчерашниот ден донесе решение за отстранување на повеќе градби – потпорни ѕидови, оградни ѕидови, помошни објекти и доградба.
Општина Аеродром утрово поднесе иницијатива до Град Скопје за изнаоѓање ново сообраќајно решение на булеварот „Србија“ за зголемена безбедност во сообраќајот.
Изградбата на магистралниот гасовод од Скопје кон Гостивар со крак кон Тетово низ Водно предизвика широки полемики во јавноста. Експертите и Владата сметаат дека се гради токму таму каде што треба, а невладините организации, пак, порачуваат дека со изградбата на гасоводот низ Парк шумата Водно се одземаат белите дробови на градот.
Екипи на јавните градски претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“ ја почнаа тридневната акција за чистење во општина Бутел.
Министерството за внатрешни работи и СВР Скопје денеска во Сингелиќ отворија Канцеларија за превенција која е втора во општина Гази Баба, каде претходно е отворена во Стајковци. Таму граѓаните ќе може да се информираат за сите аспекти на безбедноста и да имаат директен контакт со полицијата.
Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ и оваа година се приклучува на одбележувањето на Европската недела на мобилност 2018 која е под покровителство на Град Скопје.
Екипи на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“- Скопје ја почнаа реконструкцијата на дел од водоводната цевка со пречник од 400 милиметри, односно поставување нова цевка во делот од булеварот „Србија“ во Кисела Вода, од „Енерго систем“ до пред кружниот тек за влез во Цементарница Усје АД Скопје во должиина од 450 метри.
Жителите кои не се задоволни од работата на администрацијата на Град Скопје од денеска можат да пријават до внатрешната контрола на е-маил адресата kontrola@skopje.gov.mk.