Добро е што Владата има разбирање и разговара со зелените активисти во обид да се намалат штетите од гасоводот кој минува низ Водно, но вистинско решение е да се смени трасата, вели претседателката на ДОМ Лилјана Поповска коментирајќи ја владината одлука да се измени делумно трасата на гасоводот кој поминува низ парк-шумата Водно.
По повод одбележувањето на 77- годишнината од формирањето на Првиот скопски партизански одред, делегација на Град Скопје предводена од претседателката на Советот Љубица Јанчева и советниците Анжелика Апчевска и Александар Трајановски денеска положи цвеќе.
Државниот инсекторат за животна средина по добиените дојави и информации за испуштање на емисии во воздух во општина Гази Баба изврши неколку вонредни инспекциски надзори при што не констатира загадување.
Во Гази Баба за жал има компании кои можеби во процесот на производство прават некоја грешка која инцидентно емитува чад или нешто друго, но континуирано загадување во овој момент нема, појасни денеска заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.
- Ако Владата и Градот Скопје одделија средства за пошумување на Парк шумата Водно и ние тврдиме и гарантираме дека тоа ќе се случи. Мислам дека сме направиле се за да продолжи изградбата на гасоводот на Водно.
Изградба на подземна сообраќајница во центарот на Скопје почнува денеска и поради тоа воведен е привремен сообраќаен режим на булеварот „Македонија“ (зад Музејот на Град Скопје и ТЦ „Рамстор“), кој ќе трае во наредните шест години, сменета е трасата на линијата „9“ и дислоцирана и една автобуска постојка.
Екипите на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во периодот од јануари до јуни годинава на површина од 7.566 метри квадратни, по должината на булеварите, улиците, во парковите и во вонградското зеленило засадиле 313.601 цвеќе од повеќе видови.
Од утре во наредните шест години ќе биде воведен привремен сообраќаен режим на булеварот „Македонија“ (зад Музејот на Град Скопје и ТЦ „Рамстор“) поради изведување градежни активности за изградба на подземна сообраќајница од страна на компанијата „Лимак“. Поради градежните зафати ќе се изврши и промена на трасата на линијата „9“, а ќе се дислоцира и една автобуска постојка.
Советот на Град Скопје на наредната седница, што ќе се одржи в четврток, ќе одлучува за набавка на техничка опрема за реализација на видео пренос во живо од седниците.
Поради градежни работи ќе се извршат и промени во трасите на автобусите на јавниот превоз кои се движат по оваа сообраќајница.